КУЛТУРА

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на „Охридско лето“

Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ денеска ќе учествува на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува од 12 јули до 20 август.

Чудна случка со кучето во ноќта

Претставата, работена според романот на Марк Хадон, својата премиера ја имаше на крај на минатата година. Режијата е на Зоја Бузалковска, асистент на режија е Димче Николовски, драматургијата на Александра Бошковска, сценографијата на Константин Трпеноски, а асистент на сценографија е Марија Мукоска.

Улогите ги толкуваат актерите Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Костимографијата е на Елена Вангеловска и Раде Василев, музиката е на Давид Ангелевски, кореографијата и free running техника на Симон Симоновски, а 3D Mapping видео дизајн на Osama Almughanni.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close