МОЈА КУЈНА

Здрави и вкусни палачинки од овесно брашно

На повеќето од нас, палачинките се нешто неодоливо и највкусно во секојдневната исхрана, но за да уживате почесто во нив, и без грижа на совест, ви предлагаме рецепт за здрави палачинки така што, белото брашно го заменуваме со овесно.

палачинки од овесно брашно

Состојки за 20 мали палачинки:
2 големи банани
2 јајца
200 гр овесно брашно
1 лажица шеќер
2 лажици сок од лимон
малку сол

Начин на подготовка:

Испасирајте ги бананите. Додајте во нив шеќер, сол, јајца и лимонов сок. Потоа соединете ја смесата и додајте го овесното брашно. Ако имате блендер можете смесата да ја направите во него. Смесата е веднаш подготвена за печење. Со мала или поголема црпалка ставајте на загреано тавче.

Вкусни се нели?

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close