Потребни состојки:
- 1,5 кгр. мешано месо (свинско и телешко месо исечено на коцки)
- 200 гр. боранија
- 20-30 парчиња бамја
- 1 тиквичка
- 1 модар патлиџан
- 1 глава кромид
- 1/2 кг. зелка
- 2 средни домати
- 1-2 по можност црвени (или зелени) пиперки
- 1/2 кг. компири
- 1/2 кг. моркови
- 200 ml. масло
- сол
- бибер
- вегета
Подготовка:
Целиот зеленчук се чисти и се сече на парчиња а кромидот се ренда и се става во тава (највкусно би било доколку турлитавата ја готвите во земјана тава). Убаво измешајте и пoсолете по вкус. Преку зеленчукот наредете ги парчињата месo претходно издинстани со малку масло и вода. Ставете вегета и бибер, прелијте со масло и ставете во рерна да се пече на температyра од 200°С, околу 2 часа.