Сите добро знаеме колку е убава и вкусна пицата, но дали знаете дека пицата содржи многу калории и маснотии кои придонесуваат за зголемена телесна тежина.
Меѓутоа постои и таква пица која не ги содржи горенаведените работи кои му штетат на вашето здравје.
Ви го презентираме овој рецепт, а воедно и ве советуваме како да направите посна, вкусна и здрава пица со користење на многу зеленчук.
Потребни состојки:
1 праз или 1 главица кромид
1 домат
1 пиперка
1 брокула
200 гр. шампињони
Оригано
Кечап
Малку посен кашкавал
Малку пченка
Начин на подготовка:
Замесете тесто за пица со сол, квасец и малку масло и брашно. Оставете го малку да порасне. На масло испржете го празот, додајте ја сецканата пиперка, брокула и шампињоните, убаво исецкани. Доколку сакате лута пица, можете да додадете и лута пиперка и/или малку кромид.
Можете по желба да додадете и маслинки. Развијте го тестото, а потоа ставете го во тавче кое претходно ќе го подмачкате. Ставете ги испржените состојки, а потоа додадете парчиња домати и малку посен кашкавал и оригано.
Печете на 200 степени околу 15-20 минути.
Вашата здрава пица е готова и спремна за конзумирање..
Добар апетит!
One Comment