Како што ни е познато на сите, чиа семето содржи 10 пати повеќе Омега-3 од лососот, 9 пати повеќе антиоксиданти од портокалот, 4 пати повеќе железо од спанаќот, 5 пати повеќе калциум од полномасно млеко, 15 пати повеќе магнезиум од брокулата, итн.
Чиа пудингот има уникатна конзистенција, односно специфична кремаста структура, а е богат извор и на протеини, растителни влакна и омега 3 масни киселини.
Потребни состојки (за една чаша/оброк):
- 1 полна лажица чиа семе
- 100ml млеко (или 1/2 чаша)
- 1 лажица мед
- 1/2 лажица шеќер
- 1/2 банана
- 1 лажица аронија (свежа или смрзната)
- 4-5 јагоди (свежи или смрзнати)
Начин на подготовка:
Во мала тегличка или чаша за смути се става млекото, се додава 1 лажица чиа семе, мед и шеќер, се промешува, се затвора и се остава да отстои во фрижидер. Најдобро е да се направи навечер и да се остави преку ноќта да отстои или да се конзумира после еден час од подготовката.
Откако ќе отстои, се додава овошјето. Бананата се сече на тркалца, се додаваат јагодите (пожелно е да се иссечат на половина или на четвртини доколку се многу големи) и аронијата.
Сето тоа се меша и се јаде. Овошјата се по сопствен избор, може да се додадат и јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници…).
Уживајте!
One Comment