Прескокни до содржината

Понеделник, 23 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Младата македонска интервентна кардиологија продолжува да се позиционира на европската мапа

По впечатливиот настап во 2025 година, кога со предавањата „All Things Vascular” и „Imaging to the Rescue” ги претстави најсовремените пристапи во третман на комплексни васкуларни и периферни артериски лезии и предизвика значаен интерес кај меѓународната стручна јавност, д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан” – Охрид на 19 февруари 2026 година во Минхен ја доби престижната европска стипендија за едукација и професионална надградба.

violeta 1

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Стипендијата се доделува преку EAPCI (European Association of Percutaneous Cardiovascular Interventions) – европската асоцијација за перкутани кардиоваскуларни интервенции, која функционира во рамки на Европското кардиолошко здружение (ESC) и претставува едно од највисоките стручни тела во Европа за развој на интервентната кардиологија, едукација на кардиолози и поставување на современи клинички стандарди. Грантот се доделува на мал број избрани кардиолози од Европа, како признание за научен придонес, клиничка експертиза и потенцијал за понатамошен развој.

violeta 2

Особено внимание кај експертите привлече нејзиниот иновативен пристап преку тибијалната артерија при третман на долги CTO лезии на површинската феморална артерија — техника со директна практична вредност за пациентите.

violeta 3

Овој успех не е само личен, туку и професионална придобивка за домашната здравствена практика, бидејќи знаењето и европските протоколи кои се имплементираат придонесуваат за побезбеден третман и подобри клинички исходи.

Честитки за овој значаен чекор и очекуваме уште многу меѓународни достигнувања што ќе ја унапредуваат современата кардиологија кај нас.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566