Милост е новата песна на Наталија Данаилова која македонската публика ја знае од почетоците преку повеќе талент шоуа, а ја следи потоа на повеќето македонски фестивали како што се Макфест, Охридски трубадури…
Позади себе има веќе еден албум „Сѐ за тебе“ а „Милост“ ќе си има свое место во вториот албум кој ќе биде заокружен оваа пролет.
Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски. Видеото го снимаше Pinestel.
За прекрасниот стајлинг, шминка и фризура се погрижија „Фран“ и „Ателје Тренов“.