Месечината, планета која ги симболизира емоциите, но и нашите стравови, се наоѓа во Рак, каде што ќе донесе позитивен период за Раковите, Рибите и Скорпиите.
Месечината во Рак носи засилени емоции, потреба за блискост и враќање кон работи кои ни будат сигурност и топлина.

Во овој период луѓето ќе бидат почувствителни од вообичаено, но и поинтуитивни, па полесно ќе препознаат на кого можат да му веруваат. Енергијата на Ракот е поврзана со семејството, домот, спомените и внатрешниот мир, поради што многумина ќе посакаат да се повлечат од хаосот и да се посветат на себе и на луѓето што ги сакаат.
Разговори кои долго биле на чекање
Ова е момент кога емоциите излегуваат на површина, па може да се обноват стари контакти, да се појави носталгија и потреба за разговори кои долго време се одложувале. Месечината во Рак ја зголемува емпатијата, но и променливото расположение, поради што не е идеално време за носење импулсивни одлуки.
Од друга страна, ова е одличен период за средување на домот, семејни собири, одмор и работа на емоционална стабилност.
Под влијание на Месечината во Рак, можни се осцилации во расположението. Оваа позиција на Месечината нема да им годи на Овните, Вагите и Јарците.





