МАГАЗИН

Забава со Влатко Стефановски Трио, Каролина, Кирил Џајковски, Нокаут, Ареа, Фолтин, Страјк и Диџеј Гоце, и Битолски камерен оркестар – 21. септември по многу нешта ќе е посебен ден!

Желбата за дружење, за добра музика но и за омиленото пиво се работи кои се дел од нашата децениска традиција. Сакаме да се радуваме на мали работи, да уживаме во моментот, да ги славиме убавите поводи. Од секој роденден, слава, матура, свадба да креираме вредни спомени, да произлезат приказни кои долго потоа се прераскажуваат, а со Скопско да наздравиме.

100 години Скопско

Скопско е поврзано со сите наши прослави, со различни генерации, со секој од нас… а сега е време ние да наздравиме за Скопско. По повод својот 100-ти роденден, на 21 септември во Градскиот парк во Скопје (од фонтаната на Илинденска до езерцето), со почеток од 18 часот, Скопско ќе организира незаборавен настан што ќе ги обедини љубителите на домашната музика, но и љубителите на пивото, во единствена прослава.

100 години Скопско

Во срцето на Скопје ќе се потсетиме на сите убави моменти и ќе наздравиме за иднината, со ладно пиво, добра музика, мултимедијално шоу и одлична забава.

100 години Скопско

Затоа, соберете го друштвото и дојдете во Градскиот парк за да бидете дел од големата роденденска забава на Скопско! Настанот е отворен за сите.

На здравје за Скопско и за следните 100 години!

Напишете коментар

Back to top button
close