МАГАЗИН

Спектакуларен крај на скопската концертна сезона – Ацо Пејовиќ со голем концерт на 24-ти декември во „А1 Арена Борис Трајковски“

На само неколку дена пред дочекот на новата година, „А1 Арената“ во Скопје, ќе биде местото на најдобрата балканска забава во регионот. За да 2022 година заврши како што треба, најголемата регионална музичка ѕвезда Ацо Пејовиќ доаѓа повторно во Скопје и тоа со предновогодишен концерт на 24-ти декември во „А1 Арената Борис Трајковски“.

Atso Pejovik vo Skopje 2022

Пејовиќ, изминатава година е во фокусот на јавноста поради неговите маестрални изведби на песните на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“, кој раскажува за животот и делото на легендата на кафанската музика. Песната „Ponoć“ дефинитивно ја одбележа претходната година, а концертот во Скопје ја одбележа концернтата турнеја на Пејовиќ, каде што го собори сопствениот рекорд по број на луѓе. За тој голем успех и за бројката од 12.000 посетители, Ацо Пејовиќ раскажува и ден денес.

Она што е интересно е дека пред концертот, односно оваа есен, ќе излезе и серијата за Тома, а со самото тоа ќе бидат објавени и нови песни кои Пејовиќ со сигурност ќе ги изведе пред македонската публика.

Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат неговите концерти, а тоа е доволен показател дека Пејовиќ може и тоа како да полни големи сали ширум Балканот.

Влезниците за концертот на Ацо Пејовиќ ќе бидат пуштени во продажба од утре (08.09.2022) и истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2.

Се гледаме на 24-ти декември во „А1 Арената Борис Трајковски“.

Напишете коментар

Back to top button
close