Вечерва (08.04.2023) во Кафе Бар Мартини во Лептокарија атмосферата ќе ја „разгори“ омилената македонска музичка група ДНК придружени со Диџеј Милан. Панчо и Андреј на својот фејсбук профил напишаа:
Драги наши.
На наше големо задоволство, на 8ми Април (сабота) заедно со нашиот бенд ќе настапиме во култното место „Cafe Bar Martini“ во Лептокарија. Ова ќе ни биде прв настап и скопско дружење по нашата прослава и концерт коj го направивме минатата година. Ќе има доста изненадувања (гости) и интересен репертоар за кои сме и ние возбудени, и едвај чекаме да се дружиме со сите вас кои ќе дојдете.
За добра журка никогаш не е доцна!