АСТРОЛОГИЈА

Денеска е млада Месечина во Водолија позната и како Црна Месечина – еве што таа носи за секој хороскопски знак

Денеска, на 29 јануари 2025 година нè очекува значаен астролошки момент – млада Месечина во Водолија, позната и како Црна Месечина. Овој период ќе биде обележан со карактеристичните особини на Водолијата, која е позната по својот бунтовен дух, па затоа ова е идеално време за ослободување од ограничувањата што нè задржуваат и поставување темели за подобра иднина.

Млада Месечина во Водолија

Водолијата е знак што често поставува нови правила, па ова е совршен момент да излеземе од зоната на комфор и да изградиме нов модел на живот. Црната Месечина во Водолија носи свеж пристап кон планирањето на иднината и ослободување од сè што нè спречува да напредуваме.

Иако Меркур сè уште ќе биде ретрограден, што може да предизвика потпирање на минатото и одредени фрустрации, суштината на младата Месечина во Водолија е токму тоа – да се фокусираме на иднината, наместо да се враќаме назад.

Кои знаци ќе го почувствуваат најсилниот влијание?
Младата Месечина во Водолија ќе има најголемо влијание врз Водолиите, Лавовите, Биковите и Скорпиите. Водолиите ќе се соочат со значајни промени што ќе ја обликуваат нивната 2025 година, додека Биковите ќе доживеат промени на работното место. Скорпиите би можеле да искусат промени во животниот простор, а Лавовите нов поглед на слободата во партнерските односи, па дури и во бракот.

Оваа млада Месечина се поклопува со кинеската лунарна Нова година во знакот на водената Змија, што симболизира доаѓање на големи промени. Очекувајте брза трансформација во вашиот живот – бидете подготвени за нови почетоци и осмелете се да направите чекор напред.

Искористете го овој период за да се поврзете со вистинските луѓе, да го најдете својот простор на слобода и храбро да зачекорите во иднината!

Напишете коментар

Back to top button
close