АСТРОЛОГИЈА

Најдобриот љубовник на Зодијакот: Човек покрај кој ќе блеснете!

Тој е полн со страст, нежност и креативност во креветот. Мажите родени во овој знак важат за најдобар партнер, бидејќи се многу мажествени и имаат силен љубовен нагон. Ќе ве освојат во кревет и никогаш нема да ви биде досадно со нив.

Horoskop 8

Мажите родени под знакот Бик се познати како најдобри љубовници на Зодијакот. Во кревет се многу сензуални, страствени, нежни, креативни… Кога водат љубов не брзаат, сè прават полека и со посебно задоволство.

Со нив партнерот се чувствува како центар на светот, бидејќи Бикот ќе направи се за да ја усреќи. Нејзиното задоволство му е уште поважно од неговото. Задоволниот партнер го исполнува со чувство на гордост.

А ова се уште неколку причини зошто Биковите се најдобри љубовници:
– Тие се многу мажествени – пукаат од тестостерон, а жените тоа го знаат – инстинктивно.
– Имаат силен љубовен нагон и потреба од физички допир.
– Тие се ненаситни во кревет. Толку многу уживаат во водење љубов што се најсреќни ако тоа трае со часови.
– Како и во храната, Биковите полека и со особено задоволство уживаат во жените.
– Со нив никогаш не е досадно кога водат љубов – тие се целосно непредвидливи.

Напишете коментар

Back to top button
close