Turlitava.com

Љубовен хороскоп до 30 март! Овенот го започнува заедничкиот живот, Вагите се пожелни, а еве кој треба да чека подобар период за љубовта

Венера, планетата на љубовта, е во знакот Риби, каде што носи возбудливи настани за Рибите, Ракот и Скорпијата.

ОВЕН
Ќе запловите во „мирни води“ и на љубовен план нема да има многу возбудувања. Овој период ќе биде поволен за Овните кои се веќе семејни луѓе или оние кои сакаат да бидат. Можно е да започнете заеднички живот со саканата личност.

БИК
Следната недела ќе имате добра комуникација со сите, што ќе ви донесе некои нови познанства и контакти. Ќе уживате во разговорот со кој било, поради што лесно ќе се поврзете со таа личност која е ваш потенцијален партнер.

БЛИЗНАЦИ
Вие сте на прагот на многу неповолен период за вас лично и за вашиот љубовен живот. Можно е некои непријатни настани да ве стават во лошо расположение или лоша животна ситуација, па поради тоа вашиот љубовен живот да трпи негативни последици.

РАК
Од оваа недела ќе уживате во подароците на Венера, планетата на љубовта и убавината. Поради ова, ќе станете уште попривлечни за сите околу вас. Вашата чувствителна природа ќе работи за вас и ќе бидете полни со љубов кон сите, а таква љубов е она по што сите копнеат.

ЛАВ
Ќе изгубите дел од среќата што ве следеше во љубовната сфера во последните недели. Веќе нема да ве интересира љубовта како претходниот период, што секако ќе резултира со помалку љубов во вашиот живот.

ДЕВИЦА
Во наредниот период може да имате проблеми во некои други сфери од животот, кои немаат никаква врска со вашиот љубовен живот, но овие проблеми ќе влијаат на тоа колку воопшто ќе бидете расположени за љубов. Веројатно воопшто не.

ВАГА
Следната недела ќе бидете впечатливо убави и ќе работите уште повеќе од вообичаено на вашиот изглед и впечатокот што го оставате. Поради ова, ќе бидете забележани и посакувани. Исто така, можно е да постигнете некој успех, можеби во кариерата, што ќе ве направи уште попривлечни.

СКОРПИЈА
Ве очекува нова фаза во љубовниот живот. Можно е да се случи некаква промена, а сигурно е дека ќе имате потреба да патувате, можеби заедно со саканата личност, а можеби и затоа што ќе почувствувате дека некаде ве чека некоја љубов.

СТРЕЛЕЦ
Следната недела, за жал, нема да имате многу среќа во љубовта. Можни се бројни недоразбирања и генерално многу лоша комуникација со партнерот и со сите останати. Поради ова, нема да можете да стапите во врска ако тоа е она што го сакате, а ако веќе сте во таква, ќе наидете на многу проблеми.

ЈАРЕЦ
Можно е некои негативни околности негативно да влијаат на вашите изгледи да најдете љубов или да уживате во онаа што веќе ја имате. Не присилувајте ништо. Ако работите не одат како што сакате, само повлечете се и почекајте подобри времиња.

ВОДОЛИЈА
Можно е во наредниот период да имате нешто помалку шанси за љубов. Можеби веќе сте се разгалеле затоа што во последно време ви оди толку добро во оваа сфера, но ако веќе не сте го нашле она што го барате, тогаш сте пропуштиле можност да искористите добар период за љубов.

РИБИ
Не очекувајте многу од следната недела кога станува збор за љубовта. Ќе доживеете одредена блокада во оваа сфера, а можни се и непријатни настани. Нема да бидете задоволни од тоа како изгледаат работите и можеби ќе бидете малку очајни, но запомнете дека проблемите се од привремена природа.

Exit mobile version