АСТРОЛОГИЈА

ФИНАНСИСКИ ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ: Овните ќе мора да штедат, а Рибите очекуваат значителен прилив на пари

Од владеењето на Лав до ретроградна Венера и супермесечина, месец август ни носи многу турбулентни денови.

Horoskop i pari

Покрај љубовта, погледнете што ви носи август во план на финансии и на работа:

ОВЕН
Август е време за штедење и разумно трошење. Можни се проблеми на работата, но кога успешно ќе ги надминете, ќе пристигне прилив на средства. Ѕвездите ќе бидат на ваша страна овој месец.

БИК
Чувајте ја потрошувачката на минимум. Внимавајте со купувањата и не трошете пари на разни работи кои не ви требаат и со кои сакате да „купите“ статус во општеството. Не позајмувајте пари бидејќи ќе ви требаат во критичен момент кој не го очекувате.

БЛИЗНАЦИ
Обидете се правилно да ги распределите средствата. Не се осмелувајте да се коцкате или авантуристички да трошите пари. Ако сте рационални, ќе ги зголемите финансиските приходи. Не донесувајте одлуки за кои не сте размислувале.

РАК
Трошете пари само на она што ви треба. Работите чесно и заработувате дополнителни пари. Ќе имате среќа во новите деловни потфати, но за да остварите профит, не ризикувајте залудно и изготвувајте план за работа.

ЛАВ
Ако работите упорно и напорно, финансиите ќе ви се стабилизираат. Меркур во Девица ќе биде корисен за Лавовите. Вратете ги долговите што ги имате, не позајмувајте повеќе пари.

ДЕВИЦА
Во август ќе има многу профитабилни понуди, но поради негативното влијание на некои планети, Девиците ќе потрошат многу. Обидете се да заштедите за она за што сонувавте. Доаѓа нова работа со стабилни примања.

ВАГА
Доколку сте испланирале нов бизнис, сега е вистинско време за тоа, но и за отворање сопствен бизнис. Кажете им збогум на старите долгови и обидете се да живеете поекономично.

СКОРПИЈА
Приходите ќе се стабилизираат, а вашата парична карма ќе станува се подобра и подобра, но само ако работите чесно. Вашите напори ќе се исплатат, а ве очекува финансиски прилив. Заштедите пред есен вложете ги во вашиот дом и поправките кои се неопходни во него.

СТРЕЛЕЦ
Промената на работното место е сигурна и добро ќе се претставите на интервјуата. Август ветува многу авантури, но обидете се да не ги трошите сите пари на тоа. Ќе ви биде профитабилно да инвестирате во сопствен дом.

ЈАРЕЦ
Посветете го август на заштедите. Финансиските тешкотии се сигурни доколку постојано трошите пари на непланирани набавки и прослави. Подобро е да вложите пари во сопственото образование, но и во работата.

ВОДОЛИЈА
Можеби премногу скржавост ви ја расипува врската со саканата личност. Астролозите ви велат да бидете подарежливи. Ѕвездите ви ветуваат добра заработка, но само доколку не сте мрзеливи. Некој близок ќе ви побара заем.

РИБИ
Периодот пред вас ќе биде финансиски предизвикувачки, но ќе бидете плодни на тој план, но и успех на работа. Завидливите конкуренти ќе се обидат да ве спречат. Протокот на пари е сигурен доколку се потрудите и работите вредно и не обрнувате внимание на луѓето кои ви завидуваат и се обидуваат да ви наштетат.

Напишете коментар

Back to top button
close