Половина од жените се незадоволни како им изгледа лицето без шминка. Тоа го покажува истражувањето на американски експерти, спроведено меѓу 1293 доброволки. Резултатите покажуваат дека 44% од нив не се допаѓаат без украсната сила на декоративна козметика. Од нив 16% се чувствуваат грди без шминка, 14% се чувствуваат како “голи” без кармин и сенки и уште 14% се срамат да излезат на улица ненашминкани. Од анкетираните 25% започнале да користат козметика од оцените и резултатите кои произлегле, експертите велат дека самото наше општество има нездрав однос кон козметиката. Таквото однесување може да стане првиот чекор кон посериозни проблеми, вклучувајќи нарушувања во исхраната како булимија и анорексија.
Научниците алармираат дека за современата жена козметиката стана средство за самоодбрана, скриено незадоволството од себе и ниската самопроценка.
Според претходното слично истражување на британски и американски научници жените кои уживаат секој ден во декоративна козметика, се сметаат за убави и паметни, но не емитуваат доверба. Во текот на истражувањето биле користени фотографии на жени без шминка, на жени со малку шминка и на жени во “целосно разубавување”.