СВЕТ

По Русите, Херсон го напуштаат и Украинците

Украинските власти почнаа големи подготовки за евакуација на цивилите од регионите Керсон и Миколаев, поради огромните штети на инфраструктурата предизвикани од војната и стравот дека луѓето нема да можат да ја преживеат суровата зима во такви услови.

херсон

На жителите на двата региона им беше препорачано да се преселат во побезбедни области во централна и западна Украина. Превозот и сместувањето на населението го обезбедуваат властите од Киев.

Во меѓувреме, Русија ги зајакнува своите сили во областа на источен Донбас, каде позициските битки се водат со месеци без големи поместувања на фронтот околу клучниот град Бахмут.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека борбите за електраната во Запорожје мора да престанат.

– Зборував со францускиот претседател Емануел Макрон за спроведувањето на неколку точки од нашата мировна формула, безбедносната ситуација во нуклеарната централа Запорожје, како и енергетската безбедност на Украина и Европа. Работиме на спроведување на наредбата на МААЕ за запирање на секоја непријателска активност против нуклеарните постројки на Украина. За тоа е важна демилитаризацијата на нуклеарната централа. Русија мора да ги повлече сите свои сили оттаму и да престане да ја гранатира електраната – изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Напишете коментар

Back to top button
close