МАГАЗИН

Бојана Скендеровски денеска на јавноста ѝ ја претставуви моќната балада со наслов „Сонце меѓу сенките“

одличната „Среќа и несреќа“ Бојана Скендеровски денеска на јавноста ѝ ја претставува моќната балада со наслов „Сонце меѓу сенките“. И оваа композиција, како што веќе и најави Бојана, ќе биде дел од новиот студиски материјал што паралелно се подготвува и за домашниот, но и за пазарот во соседството.

Bojana Skenderovski1


„Интересно за оваа тема е што воопшто не ми беше во план ниту да ја снимам ниту да се најде на веќе најавениот албум, но штом ја слушнав буквално се вљубив, што се вели, на прво слушање и едноставно не можев да ѝ оддолеам, па морав да ѝ најдам место на албумот. Се работи за песна, и текст и музика, која буди некоја магична емоција, и навистина верувам во неа
“, вели Бојана.

Bojana Skenderovski

Текстот за „Сонце меѓу сенките“ е со потписот на Робин Зимбаков, додека музиката и аранжманот се на Срѓан и Кристијан Јовановиќ. Спотот, пак, чија приказна го следи самиот текст е снимен со режисерот Дарио Јанковиќ и на повеќе локации низ главниот град.

Бојана освен македонска, сними и српска верзија со наслов „Енигма“. Текстот за српската верзија е на Дивна Миловановиќ, а и таа е снимена во студиото Sound Desing Mix. Мастерингот е на Srkiboymusic, Кристијан и Срѓан Јовановиќ беа задолжени за пијано и клавијатури, а Младен Пецовиќ за гитара. Интересно е дека придружните вокали ги пее Сузана Бранковиќ, за чиј вокал пошироката јавност слушна по излегувањето на темата „Поноќ“ – насловната од филмот „Тома“.

Се надеваме дека ќе уживате во моќната емотивна балада на Бојана, која перидов освен на музички план и со снимање на новиот материјал, е сѐ поактивна и кога се живите настапи во прашање.

„Агендата со настапи низ Македонија полека се полни и тоа ме радува. Задоволна сум од реакциите на публиката и навистина уживам во дружбите. Едвај чекам во живо да ја отпеам „Сонце меѓу сенките“ и да ги чујам реакциите на мојата публика “, вели Бојана.

Напишете коментар

Back to top button
close