Според листата на магазинот Time Out, градот со најдобра храна во светот е – Неапол. Листата на градови со најдобра храна е направена врз основа на голема анкета спроведена меѓу локалното население ширум светот.
Неапол беше оценет како најдобар поради квалитетот на храната и нејзината достапност.
Пица Маргарита е симбол на Неапол
Пицата настанала во деветнаесеттиот век како брз, достапен оброк за урбаната работничка класа.
Пицериите од старата школа и денеска продолжуваат да ги хранат гладните Наполитанци. Овие пицерии се претежно лоцирани во Виа деи Трибунали, наречена улица Пица.
Кралицата Маргарита го посетила Неапол во 1889 година и пробала три вида пици. Пица со домати, моцарела и босилек ја воодушевила, па оваа пица го добила нејзиното име – Маргарита.
Денес, оваа пица е вистинско национално јадење во кое уживаат мештаните на Неапол и многу туристи.
Во Неапол денес пицата е многу евтина. Локалните жители ја нарекоа пицата највредното јадење во градот, иако парче пица чини само 1 евро.
Неапол не е единствениот град во Европа кој се најде на листата на градови со најдобра храна. Ливерпул во Велика Британија е на 11. место, а Севиља во Шпанија е на 13. место, пренесува магазинот Time Out.