КУЛТУРА

Никола Ристановски награден за најдобра машка улога

Македонскиот народен театар на 1 септември со претставата „Народен непријател” од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, го отвори 9. театарски фестивал „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР”, која се одигра на сцената на „Српско народно позориште”, Нови Сад – Србија.

Nikola Ristanovski najdobra mashka uloga 1

Во официјалната програма учествуваа 6 претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина”, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка, и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да се додели на Никола Ристановски за улогата на Др. Томас Стокман, во претставата „Народен непријател” во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар.

Nikola Ristanovski najdobra mashka uloga

Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници.

Во неговата возбудлива кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател” на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

Напишете коментар

Back to top button
close