Мувла или црни дамки на ѕидовите се штетни за здравјето на луѓето, а се создаваат поради лошата конструкција, пукнатини, испукани цевки или влага што се појавува додека се туширате.
Еве како можете да го решите тој проблем:
Хидроген пероксид
Ова е добро познато белило кое ќе ги отстрани трагите од мувла. Истурете три процентен хидроген пероксид во шише со распрскувач и испрскајте на мувлосаните места. Оставете го да делува околу 10 минути и избришете го.
Алкохолен оцет
Исто така, истурете го оцетот во шише со распрскувач и испрскајте ги црните дамки. Ако не ви се допаѓа неговиот мирис, можете да додадете неколку капки есенцијално масло.
Сода
Дамките можете да ги исчистите и со обична сода бикарбона или уште подобро – измешајте ја со оцет.
Масло од чајно дрво
Ова масло не се користи само за нега на кожа и коса, туку е одлично и за дезинфекција на домот. Две лажички масло измешајте со 450 мл вода и истурете ја смесата во шишето. Пред употреба, протресете го и испрскајте го на површината и оставете го да се исуши.