Додека за Овенот водењето љубов е како лов, за Бикот мора да се исполнат сите параметри. Дознајте што велат сите по чинот…
Овен: Одиме пак!
Припадниците на овој хороскопски знак очекуваат од своите партнери отвореност за експериментирање и издржливост во водењето љубов. Во кревет сакаат да доминираат, а по првиот круг се подготвени за вториот.
Бик: Гладен сум, ќе јадеме нешто?
Биковите знаат што сакаат и не се срамат да го покажат тоа. Неискусните и плашливи љубовници дефинитивно не се за нив, а бидејќи сакаат да ги комбинираат задоволствата, по водење љубов со голема радост преминуваат на храна.
Близнаци: Каде е далечинското?
Интимната врска за Близнаците може да биде посебно и возбудливо искуство дури и со некој кој воопшто не е за нив. Тие се склони кон разни фетиши, па дури и перверзии. По водењето љубов ќе бидат опуштени, а омилена забава им е ТВ.
Рак: Каков е вашиот став за бракот?
Припадниците на овој знак се многу сензуални љубовници кои сакаат многу допири. Ако врската дојде во интимна фаза, обично се појавуваат подлабоки емоции.
Лав: Нели сум супер?
Припадниците на овој знак често се донекаде диви љубовници. Тие се секогаш подготвени за акција, па дури и на тоа гледаат како на прашање на чест, бидејќи себеси се гледаат како експерти.
Девица: Ајде да се истушираме!
Девиците сакаат долга и возбудлива предигра, жестока акција и задолжително гушкање по сексуалниот однос. Сепак, тие не се имуни на фантазии и перверзии, а водењето љубов е проследено со задолжително туширање.
Вага: Мене ми беше супер, а тебе?
Припадниците на овој знак се вистински мајстори за заведување, а во кревет имаат многу желби и фантазии за кои треба долго време да му ги откријат на партнерот. Доколку партнерот не им даде доволно комплименти, дефинитивно ќе проверат дали нешто не е во ред.
Скорпија: Сакаш да те одврзам?
Скорпиите се посветени повеќе од кој било друг знак на Зодијакот. Најважно им е што водењето љубов не е рутина, а кога би прашале постојано би ги менувале локациите, но и игрите кои ги обожаваат.
Стрелец: Ќе ти се јавам…
Иако сакаат интимни врски, на Стрелците гушкањето им е поважно од игрите во кревет. Тие не се срамежливи, иако не се толку либерални како што мислат за себе, и често се сметаат за водечки по бројот на партнери.
Јарец: Дали имате инстаграм, како да се запознаеме?
Јарците се многу страсни љубовници, доколку се на иста бранова должина со партнерот. Меѓутоа, колку и да е страсно водењето љубов, разговорот после него не е.
Водолија: Да пробаме сега во кревет?
Водолиите со задоволство една вечер уживаат во акцијата, иако со постојан партнер ќе бидат значително поперверзни, па нема да им биде чудно да се „заиграат“ било каде.
Риби: Како се викаш?
Рибите во кревет даваат се од себе за да му угодат на партнерот, а истото го очекуваат и за возврат. Не им се туѓи аферите во кои се понесени од физичка привлечност, па можат да завршат со некого дури и пред подобро да го запознаат.