ТЕХНОЛОГИЈА

Ауди, БМВ и Мерцедес казнети поради измама

Германските производители на автомобили се казнети со 33,5 милиони долари, а причината е „манипулација со податоците за емисиите“. Според резултатите од истрагата, германските производители имале таен договор за инсталирање софтвер кој ги фалсификувал податоците за емисијата на штетни гасови и на тој начин го попречувале развојот на нови дизел автомобили кои би биле помалку штетни за животната средина.

Audi BMW and Mercedes

Германските компании одбиваат да ја признаат одговорноста. Мерцедес тврди дека соработувал со сите регулаторни тела и дека нема да ја плати казната.

„Случајот се однесуваше на истите факти кои беа предмет на истрага на Европската комисија, по што Мерцедес не мораше да плати казна. Имајте предвид дека во ниту еден момент договорите или размената на информации за цените, количините или уделот на пазарот не биле дел од истрагата“, вели портпаролот на Мерцедес-Бенз.

За потсетување, во процедура на Европската комисија од 2021 година, Фолксваген и БМВ се казнети поради договор за употреба на технологија за почисти емисии, во износ од 875 милиони евра.

Минатата година Mercedes беше казнет со 11,5 милиони евра во Јужна Кореја поради лажно рекламирање поврзано со емисиите на дизел автомобили. Како што пренесува Index.hr, Audi и BMW се уште не се изјасниле по ова прашање.

Напишете коментар

Back to top button
close