ЗДРАВЈЕ

Зошто не треба никако да го прескокнувате доручекот?

Доручекот е најважниот оброк во текот на денот. Тој го подигнува метаболизмот и дава потребна енергија на огранизмот.

доручек

Но, често се случува поради разни обврски и многу работа да го прескокнеме и заборавиме.

Можеби тоа ќе се промени, кога ќе дознаете дека токму поради тоа може да се добие лош здив.

Прескокнувањето на доручекот во устата остава бактерии кои инаку би требало да се истераат со храната.

„Ако не го јадете доручекот, имате една од најлошите навики кои предизвикуваат лош здив, затоа што усната шуплина станува сува и полна со бактерии“, вели докторот Мервин Дуриан од Центарот за естетска стоматологија во Лондон.

Уште повеќе бактерии би можеле да настанат ако за доручек се изберат житарки со шеќер.

Наместо тоа би требало да јадете овошје и пиете вода. На тој начин најефикасно ќе ги остраните бактериите од устата.

Напишете коментар

Back to top button
close