ЗДРАВЈЕ

Пет напитоци кои се пијат пред спиење а го чистат црниот дроб, помагаат при слабеење и го подмладуваат телото

За да го исчистите телото од нездравата храна и наталожените токсини, секоја вечер пред спиење испијте еден од овие напитоци.

5 napitotsi koi go chistat tsrniot drob

Чај од камилица

Чајот од камилица го чисти црниот дроб додека спиете, го смирува нервниот систем, го подобрува квалитетот на спиењето и го ублажува стресот.

Пијте чај секоја вечер пред спиење во рок од 2 недели.

Топла вода со лимон

Лимонот има диуретични својства и помага во детоксикација на црниот дроб.

Подготовка: загрејте 200 ml вода (не треба да врие), а потоа додадете сок од еден лимон. Пијте половина час пред спиење.

Овесна вода

Овесната каша е богата со растителни влакна, витамини и минерали кои се одлични за подобрување на варењето на храната, како и за подобро функционирање на црниот дроб и цревата.

Подготовка: потопете 1 чаша овесна каша (без глутен) во 6 чаши вода и оставете да отстои 7 часа, а потоа процедете. Во течноста додадете малку цимет и чувајте ја во фрижидер. Пијте две чаши навечер, едната 30 минути пред вечера а другата 30 минути пред спиење.

Чај од ѓумбир со лимон

Овој моќен пијалок го детоксицира телото и помага при слабеење. Ѓумбирот и лимонот се богати со витамини и антиоксиданти кои спречуваат болести и ја стимулираат работата на метаболизмот. Тие исто така имаат антиинфламаторни својства и ги отстрануваат токсините од телото.

Потребни состојки: 1 парче свеж ѓумбир (околу 5см), 1 лимон и 250ml. вода.

Подготовка: зовријте 250ml вода, додадете 1 мало парче свеж ѓумбир (околу 5cm), сок од еден лимон и варете 10 до 15 минути. Пијте најмалку 3 пати неделно, 30 дена. Овој пијалок не треба да го пијат лица со хипертензија!

Чај од нане со мед

Речиси сите знаат дека нането е добро за варењето и дигестивниот систем.

По варењето, оставете го да отстои 10 минути, процедете го, изладете и додадете малку мед. Пијте половина час пред спиење.

Напишете коментар

Back to top button
close