ЗДРАВЈЕ

Нема повеќе депресија! Оваа храна ќе ви ја врати насмевката на лицето

Американскиа нутриционистка тврди дека лиснатиот зеленчук, бананите, калинките, млекото и какаото секако помагаат во борбата против депресијата.

Верувале или не, храната што ја јадеме и тоа како влијае на нашето расположение, велат експертите. Американската нутриционистка Сузан Клајнер, која соработува со Американскиот колеџ за спортска медицина, дизајнираше диета за подобрување на расположението. Со таквата диета им помогнала на многу професионални кошаркари кои имале проблеми со клиничката депресија.

Hrana

Доколку сакате да бидете полни со енергија секој ден, погледнете кои намирници треба да ги вклучите во вашето мени.

Овошје и зеленчук
Многумина од нас посегнуваат по слатки кога сме нерасположени, а сосема спротивно, насмевката на лицето ќе ја врати малку овошје и зеленчук.

– Намирниците кои најдобро го зголемуваат расположението се меѓу зеленчукот: брокула, спанаќ и зелен лиснат зеленчук, а меѓу овошјето: банани, портокали, боровинки и калинки. Секој ден треба да јадете барем една порција бобинки – вели д-р Клајнер.

Жолчка
Иако имаат прилично лоша репутација како извор на холестерол, жолчките од јајце се на листата на намирници кои го подобруваат расположението. Тие содржат фосфолипиди кои играат многу важна улога кога станува збор за здравјето на клеточните мембрани и го намалуваат развојот на Алцхајмерова и Паркинсонова болест. За подобро расположение, треба да јадете по една жолчка дневно.

Млеко
– Млекото е идеална храна за душата и телото бидејќи обезбедува комбинација од протеини и јаглехидрати. Истражувањата покажаа дека млекото ни помага да се справиме со стресот, лутината, анксиозноста и фрустрацијата. Протеините во млекото содржат амино киселини кои го подобруваат развојот на мускулите – вели д-р Клајнер.

Топло какао
Сузан Клајнер препорачува секоја вечер пред спиење да пиете шолја топло какао, што го зголемува нивото на серотонин, што ќе ви помогне да се опуштите.

Храна која го расипува расположението:
Во текот на првата недела од оваа диета не смеете да консумирате храна која лошо влијае на расположението, како алкохол, рафинирани шеќери и кофеин.

– По првата недела, овие намирници можете постепено да ги враќате во секојдневната исхрана, но да го намалите нивниот внес на минимум – вели нутриционистот.

Напишете коментар

Back to top button
close