Кафето и чајот се богати со антиоксиданси и можат да придонесат за метаболичко здравје. Има луѓе кои утрото го започнуваат со чаша сок од портокал, млеко или чиста вода. Сепак, повеќето луѓе претпочитаат да пијат шолја чај или кафе. Иако и двата пијалаци се популарни меѓу нивните потрошувачи, се поставува прашањето кој од овие два има повеќе предности?
Содржината на кофеин во различни чаеви и кафиња ќе се разликува во зависност од времето на готвење, начинот на подготовка и големината на пијалокот, пишува Mind Body Green.
Сепак, за да бидете информирани, погледнете кој од наведените пијалоци содржи најмногу кофеин, а кој има најмалку.
Нивоа на кофеин по чаша од секој пијалок:
– Кафе: 96 милиграми кофеин
– Кафе со млеко: 86,4 милиграми кофеин
– Ледено кафе: 74,4 милиграми кофеин
– Црн чај: 48 милиграми кофеин
– Зелен чај: 28,8 милиграми кофеин
– Кафе без кофеин: 0 до 15 милиграми кофеин
– Билен чај: 0 милиграми кофеин
Кога се споредуваат, јасно е дека повеќето пијалоци од кафе содржат повеќе кофеин од чајот – дури и во случај на одредени пијалоци без кофеин.
Кафето е добар извор на антиоксидантни полифеноли и кофеин, кои го поддржуваат когнитивното функционирање и може да го намали ризикот од губење на меморијата.
Заедно со антиоксидансите, како што е антиинфламаторното соединение хлорогена киселина, кафето има и корисни ефекти врз здравјето на мозокот, здравјето на црниот дроб, дијабетесот и метаболичкиот синдром.
Истражувањата покажуваат дека жените кои пијат две до три шолји кафе секој ден имаат помалку телесни масти од оние кои ретко пијат кафе.
Чајот има и многу здравствени придобивки, од смирување на гадење до ублажување на главоболки и олеснување на варењето.
Слично на кафето, чајот има и високи антиинфламаторни својства, како што се антиоксидантите. Некои истражувања исто така ги поврзуваат соединенијата во зелениот чај со кардиоваскуларното здравје.
Поради повисокиот процент на кофеин во кафето, бремените жени или сите кои се обидуваат да го намалат внесот на кофеин би било подобро да се придржуваат кон чајот – особено билниот чај.