Тиквата се смета за една од најздравите намирници и лесно може да се вклучи во секојдневната исхрана.
Се состои главно од вода, но е богата со витамини, минерали и растителни влакна, поради што има повеќекратни придобивки за организмот.

Посебно е добра за респираторниот систем, бидејќи содржи бета-каротен кој во телото се претвора во витамин А и придонесува за здравјето на белите дробови и срцето. Поради ниската калориска вредност и високата содржина на влакна, често се препорачува за лица кои сакаат да ослабат, бидејќи дава чувство на ситост и го олеснува варењето.
Тиквата исто така помага во регулирањето на варењето, делува благо лаксативно и го поттикнува исфрлањето на вишокот течности од организмот, што е корисно при проблеми со бубрезите и зглобовите. Покрај тоа, благодарение на присуството на триптофан, може позитивно да влијае на расположението и да помогне во борбата против лошото расположение и стресот.
Поради сето ова, тиквата е едноставна, а исклучително корисна намирница која вреди почесто да се најде на трпезата.





