ЗДРАВЈЕ

Дознајте ги супер моќите на гоџи бобинките

Природата ни дава многу плодови кои се добри за нашето здравје, а едни од најздравите и најмоќните овошки се токму гоџи бобинките.

Растат на неколку делови од светот: Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Азија и Австралија и припаѓаат на семејството на компири, модри домати, обични домати и пиперки, односно на „Solanaceae“.

Плодовите, откако ќе се соберат на лето и во есен, се сушат или се цедат додека се свежи за сок и се концентрираат за пијалоци.

godhi bobinki

Гоџи бобинките содржат аминокиселини, минерали, германиум, витамин Е, Ц, Б комплекс, антиоксиданси, бетакаротен, бетаситостерол, протеини, масни киселини.

Помагаат за заштита на црниот дроб, подобрување на видот, намалување на холестеролот, подобрување на циркулацијата и многу други предности.

Тие се консумираат во умерени колични, бидејќи во спротивно може дојде до презаситување на организмот.

Се препорачува лица со хронични заболувања како дијабет и висок крвен притисок, пред да почнат со консумација да се консултираат со лекар.

Напишете коментар

Back to top button
close