Традицијата на пиење варено вино во есен и зима доаѓа од Северна Европа, а лековитите својства на овој пијалок благотворно делуваат на сите нас. Во остатокот од текстот погледнете ги сите начини на кои вареното вино учествува во подобрувањето на нашето здравје.
1. Го забавува стареењето
Стареењето е природен процес кој не можеме да го запреме, но можеме, барем делумно, да го забавиме. Истражувачкиот институт во Вирџинија потврди дека, освен што нè загрева во студените есенски и зимски денови, вареното вино игра значајна улога и во забавувањето на процесот на стареење.
2. Ја подобрува меморијата
Истата состојка која е одговорна за нашето „подмладување“ позитивно влијае на протокот на крв во мозокот, а со тоа и на меморијата, концентрацијата, намалувањето на заморот, стресот и анксиозноста. Покрај тоа, ресвератролот го штити телото од појава на Алцхајмерова болест.
3. Влијае добро за настинки и за срцето
Како извор на моќниот антиоксиданс ресвератрол, вареното вино го спречува лепењето на тромбоцитите, односно прекумерното згрутчување на крвта. Исто така, зачините кои се составен дел од овој напиток даваат уште поефикасни резултати во борбата против настинките. Циметот и каранфилчето се добри за дезинфекција на фаринксот и грлото, а имаат и антибактериско и антивирусно дејство.
Студијата објавена во „American Journal of Epidemiology“ покажа дека ризикот од настинка е намален за речиси 40% кај учесниците кои консумирале умерени дози варено вино една година.
4. Ги штити коските и забите
Освен што ги убива бактериите во нашата усна шуплина, вареното вино ги спречува тие да се залепат за нашите заби, а со тоа ја намалува можноста за појава на кариес и други болести на забите и непцата. Според сведочењето на стручњаците, има антиинфламаторни својства, кои помагаат во заштитата од губење на коскената маса и остеопороза, меѓу другото и од артритис.
5. Подобрување на варењето
Во умерени количини помага при интестинална подвижност, го подобрува варењето и позитивно делува на желудочната киселина. Внимавајте, бидејќи ако претерате, веројатно ќе предизвикате стомачни проблеми како дијареа и повраќање.