ЗДРАВЈЕ

5 најдобри природни антибиотици

Истражувањата покажуваат дека прекумерната употреба на антибиотици доведува до нивен слаб ефект. Имено, како што потрошувачката на антибиотици го достигна својот врв, бактериите стекнаа одредена отпорност на повеќето антибиотици. Научниците постојано работат на подобрување на постоечките антибиотици, со цел да се борат против агресивните бактерии. Прекумерната употреба на антибиотици може да доведе до несакани реакции, па затоа се препорачуваат природни антибиотици. Еве 5 најдобри природни антибиотици:

1. Куркума

Куркумата е идеална за уништување бактерии. Во случај на алергии и инфекции на кожата, експертите препорачуваат лапа направени од комбинација на овој зачин и мед.

2. Ѓумбир

Својствата на ѓумбирот помагаат за лекување и борба против голем број бактерии. Овој корен содржи антиинфламаторни ефекти, кои го намалуваат холестеролот.

природни антибиотици

3. Кромид

Лукот и кромидот се блиски роднини и се одличен природен антибиотик. Кромидот содржи антибиотски, антивирусни, антигабични, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Тие можат да се користат за лекување на разни болести и инфекции.

4. Лук

Истражувањата покажуваат дека лукот е моќно средство во борбата против вирусите и габите. Бидејќи е богат со антиоксиданси, конзумирањето на лукот го зајакнува имунолошкиот систем.

5. Црвена пиперка

Црвената пиперка се користи уште од античко време како лек, поради неговата богата лековита моќ, односно силните антибиотски својства.

Напишете коментар

Back to top button
close