ЉУБОВ И СЕКС

Што значат звуците кои мажот ги испушта за време на сексот?

Жените и мажите имаат целосен репертоар на звуци кои ги произведуваат за време на сексот, иако понекогаш знаат да останат и потполно тивки.

zvutsi koi mazhot gi ispushta za vreme na seksot

Ви откриваме што значат “сексуалните звуци”?

Зборење

Вашиот партнер често вели: “Даааа, многу си секси, многу е добро!” или “Мала, ти си толку жешка и толку слатка”? Ако е така, тогаш “валканиот разговор” го возбудува. Разговарајте со него за тоа, можеби тој би сакал да слушне нешто валкано од вас во кревет.

Тишина

Вашиот драг спаѓа во тивки ликови? Не грижете се, дури и ако не пушти глас за време на сексот, тоа не значи не му е добро со вас. Напротив: ако е тивок, тогаш може полесно да се контролира и да го одложи оргазмот.

Смеење

Ако вашиот партнер се смее за време на сексот, можеби е едноставно скокотлив. Можеби го допирате на чувствително место? Едноставно следниот пат внимавајте да не ја допирате неговата осетливата ерогена зона.

Брефтање

Ако вашиот партнер гласно брефта за време на сексот, може набрзо да сврши. Ако сакате да уживате малку подолго, тогаш треба да го смирите и полека да се движите.

Викање

Вашиот дечко во креветот звучи како ранет бизон или како некое друго диво животно? Тогаш навистина му е многу добро со вас! Така може да се релаксира со вас и да ви ја покаже својата животинска страна.

Напишете коментар

Back to top button
close