ЉУБОВ И СЕКС

Како да препознаете оргазам кај жените: Само еден знак открива дека ја достигнала кулминацијата

Мажи, доколку не сте сигурни дали вашата партнерка достигнала кулминација, обрнете внимание на одредени сигнали кои тоа дефинитивно ќе го откријат.

Познато е дека многу жени за време на сексуалниот чин повремено прибегнуваат кон некој стар трик како глумење оргазам.

Orgazam

Секако, ова не води никаде и не постигнува ништо, особено не долгорочно, бидејќи на овој начин партнерот не може да знае дека не го „задоволил“ партнерот и затоа следниот пат нема да биде ништо подобар.

Статистиката покажува дека само околу 30 отсто од жените немаат проблем редовното да доживеат кулминација. Од друга страна, останатите 70 проценти го доживуваат многу поретко, односно приближно секој петти сексуален однос.

Дури 15 проценти од жените никогаш не доживеале сексуална кулминација или им се случило еднаш или двапати во животот.

Истражувањата покажуваат и дека над 90 отсто од жените во одреден момент глумеле оргазам, а причината за тоа е желбата да не го повредат партнерот, што и не е толку невообичаено бидејќи околу 20 отсто од мажите веруваат дека се толку добри љубовници што партнерката не мора да глуми, односно дека нема можност да не ја задоволат.

Грч на мускулите – најчесто вагинален, што предизвикува чувство дека жената е „позатегната“, е најчест знак за оргазам, а покрај тоа можни се и грчеви во нозете.

При зголемен интензитет на стимулација каде здивот и станува пократок, а воздишките погласни, откако ќе ја достигне вистинската кулминација, таа ќе паузира, бидејќи ќе и требаат најмалку неколку секунди да се опорави. Голем број жени по оргазмот ќе го зацрвенат делот над градите, каде што кожата е тенка, а сето тоа поради напливот на хормони.

Меѓутоа, тоа што една жена глумела оргазам не значи дека не уживала во самиот сексуален чин. Истражувањата покажуваат дека кај жените најголема активност во центрите за задоволство на мозокот има за време на сексот, односно на пат до оргазам, додека непосредно пред кулминацијата активноста нагло опаѓа.

Од друга страна, кај мажите активноста во овие делови е најголема токму при самата ејакулација.

Напишете коментар

Back to top button
close