ЗАНИМЛИВОСТИ

Зошто е здраво да се пие кафе?

Стотици истражувања во изминатите години покажале дека кафето и не е толку штетно како што се мислело некогаш.

Всушност, многу експерти сметаат дека кај повеќето луѓе ползите кои ги носи кафето се побројни отколку ризиците.

шоља кафе

Еве некои благодети, зошто е добро да се пие кафе….

  • Го намалува ризикот од рак на уста и грло. Анализирајќи 9 истражувања и споредувајќи 5139 заболени од рак на глава и врат со 9028 луѓе без рак, италијански научници откриле дека 4 или повеќе кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на уста или грло со 39%.
  • Го намалува ризикот од мозочен удар кај жените. Пиењето 4 или повеќе кафиња дневно го намалува ризикот од мозочен удар кај жените со 20%. Кај оние пак кои никогаш не пушеле, ризикот се намалува до 43%.Може да го продолжи животот. Големо истражување на Универзитетот во Мадрид и Универзитетот Харвард довело до интересен заклучок – кафето може да го продолжи животот. За да го докажат тоа, научниците анализирале податоци за 84 214 жени и 41 736 мажи. Ниту еден од нив немал рак или срцеви болести на почетокот на истражувањето. Учесниците биле набљудувани подолго време – мажите 18 години, а жените 24 години. Крајните резултати покажале дека кај оние кои пиеле кафе ризикот од смрт бил помал отколку кај оние кои не пиеле кафе. Основна причина за ваквиот резултат бил намалениот број на случаи со срцеви заболувања кај луѓето што консумирале кафе.
  • Го подобрува памтењето. Кафе паузата по лекции помага полесно да ја складирате информацијата што сте ја научиле.
  • Го намалува ризикот од рак на простатата. Мажите кои пијат многу кафе имаат за 60% помал ризик од појава на рак на простатата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.
  • Го намалува ризикот од срцеви заболувања. Истражувањето покажало дека луѓето кои редовно консумираат кафе имаат помали шанси да бидат примени во болница поради нерегуларен ритам на срцето. Умерената консумација на кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.
  • Го намалува ризикот од рак на дојка. Жените кои пијат варено кафе повеќе од 4 пати дневно се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка, во споредба со жените кои пијат варено кафе поретко од еднаш дневно.
  • Го намалува ризикот од заболување со Паркинсонова болест до 80%.
  • 3 кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на дебело црево за 25%.
  • Го намалува и ризикот од појава на цироза на џигерот за 80%.
  • Помага во справувањето со астма.
  • Го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2.
  • Ја намалува или елиминира главоболката.
  • Го подобрува расположението.
  • Го забрзува метаболизмот.
  • Ја подобрува концентрацијата.
  • Ја спречува појавата на кариес.

Напишете коментар

Back to top button
close