ЗАНИМЛИВОСТИ

Што да правите оваа недела во Скопје?

Скопје може да понуди интересни културни, кулинарски и книжевни задоволства кои ќе задоволат различни вкусови. Тие се толку блиску до нас, секојдневно ги разминуваме, без да ги посетиме. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. Но токму оваа недела ви препорачува работи кои не треба да ги пропуштите.

Ова е нашиот предлог:

На кафе во новото кафуле Лоби
: Почнете ја неделата опуштено со преубаво кафе во кафетерија Лоби, која се наоѓа на улица Орце Николов. Опуштена урбана градска атмосфера, која ќе виже опушти, и ќе ви овозможи релаксиран почеток на неделата. Ако имате среќа и да уживате во ДЈ сетот на Стефан Мицов, кој повремено во овој локал пушта музика.

На ракчиња со кадаиф во Ресторани Сидро: Овде можете да се опуштите и да најдете мирен момент за себе и блиските, сето тоа комбинирано со добра морска храна и убави вина.  Да пробате нешто поразлично, да се почувствувате како да сте на море! Место за луѓе со истенчен вкус, кои знаат што сакаат и кои не прават никакви компромиси кога е амбиентот и изборот на храна во прашање..

ракчиња со кадаиф

Ресторани Сидро

Петок, Саем на книгата: Врвот на неделата е несомнено долгоочекуваниот Саем на книга во арената Борис Трајковски. Овој настан не е само за библиофилите, нуди и огромен избор на книги и за широката публика и за оние што за прв пат ќе се решат да нурнат во светот на литературата. На овој годишен настан не се работи само за купување книги туку и за искуството во кое се слави убавината на читањето, возбудата од откривањето нови приказни и задоволството од средбата со автори или љубители на книги. Покрај забавата секој може да се вклучи во разновидни дискусии и да се втопи во еден чудесен книжевен свет. Саемот на книгата е суштинско место за секој кој сака да ја збогати душата и полицата.

Скопје е убаво, зошто да не уживаме во него!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close