На луѓето им се потребни седум-осум часа сон, а многу луѓе не успеваат да се релаксираат во периодот пред да си легнат во кревет, што може да резултира со несоница и потешкотии околу заспивањето.
За среќа, постојат голем број ефикасни техники за релаксација, кои ќе ви помогнат психички и физички да се опуштите пред да спиете.
Тие функционираат на начин, што ја намалуваат физичката тензија во нашите мускули и го блокираат приливот на безброј мисли, што можат да го попречат нашето заспивање.
Истражувањата имаат откриено дека луѓето кои што користат техники за релаксација пред спиење, заспиваат побрзо и спијат подолго. Петте техники што ви одземат само 15-20 минути дневно даваат одлични резултати:
– Една од најпознатите и најефикасни техники за релаксација пред да одите на спиење, е формирањето на успокојувачки слики во нашиот ум. Оваа техника вклучува визуелизирање (замислување) спокојни сцени, како на пример морски бранови или планински ливади.
– Концетрацијата на дишењето, додека длабоко и бавно вдишувате и издишувате, е друг едноставен и ефикасен начин да ја постигнете состојбата на мир, којашто ви е неопходна за да заспиете.
– Техниката „Автоген тренинг е ефективна во намалување на стресот и нарушувањето на сонот.
– Прогресивната мускулна релаксација, чии техники можат да се научат преку посетување на курс, читање за неа или слушање на аудио водич.
– Биофидбек е техника којашто може да ви помогне да станете посвесни за тоа како вашето тело реагира во состојби на напнатост и релаксација.