ЗАНИМЛИВОСТИ

Поради овие причини, мачките сакаат да се кријат во разни кутии!

Повеќето сопственици на мачки многу добро знаат дека обичната картонска кутија е најдоброто скривалиште, играчка и забава за нивниот миленик, а научниците ги открија причините за привлечноста на кутиите.

Најчесто повеќе ги интересираат кутиите во кои се спакувани нивните нови играчки отколку самите играчки. Дури и најскапите интерактивни играчки не можат да се споредат со обична картонска кутија. Но, зошто мачките толку многу ги сакаат? Американските научници се обидоа да одговорат на тоа прашање.

– Мачките уживаат во кутии од многу причини. Пред сè, се работи за нешто ново што тие сакаат да го истражат – вели Микел Делгадо, доктор на науки и научник кој го проучува однесувањето на мачките на Факултетот за ветеринарна медицина Дејвис на Универзитетот во Калифорнија.

Мачка во кутија

– Нивната вродена љубопитност ги наведува да се обидат да ја сфатат целта на некој предмет. Интересните мириси и звукот на шушкање на стуткана хартија уште повеќе ја поттикнуваат нивната љубопитност – вели Делгадо.

Друга причина е тоа што кутијата е топла. Мачките сакаат нивната собна температура да биде потопла отколку што им е удобно на повеќето луѓе, а бидејќи картонот е одличен изолатор, мачките често се виткаат во картонски кутии за да ја зачуваат топлината на своето тело.

Чувство на сигурност
Ветеринарот и сопственик на клиниката за животни во долината Juniper во населбата Middle Village во Њујорк објаснува дека кутиите им даваат на мачките чувство на сигурност.

– Мачките се и предатори и плен, но поради тоа, многу од нив имаат тенденција да се самозаштитуваат. Кутиите им нудат еден вид безбедна зона бидејќи ги штитат од опасностите кои демнат на отворени простори и им овозможуваат полесно да трчаат кога ќе видат потенцијална закана – објаснува тој.

Безбедноста на затворен и заштитен простор, во овој случај кутија, придонесува за намалување на стресот кај мачките. Д-р Карти исто така вели дека на мачките им се допаѓа текстурата на картон.

– За нив тоа е еден од најфлексибилните материјали за гребење. Ова им овозможува да ја обележат сопствената територија со видливи ознаки и нивниот мирис, да ги изострат канџите, да ги отстранат задебелените канџи и да ги истегнат мускулите – објаснува тој.

За да го заштитите вашето домашно милениче при неговото истражување на картонската кутија, Делгадо препорачува да ги отстраните сите материјали за пакување, како што се спојници или лента. Тој предлага да ставите меко ќебе или крпа во кутијата за да стане уште попривлечно и поудобно засолниште за мачката. Д-р Карти истакнува дека е важно да не ја вознемирувате вашата мачка додека таа се одмара во нејзината кутија, бидејќи таа станува нејзин безбеден простор. Подигнувањето на кутијата или удирањето може да го претвори тој безбеден простор во нешто сосема спротивно. Се смета дека е дозволено да се фотографира милениче завиткано во неговиот безбеден простор бидејќи тоа нема да го вознемирува.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close