ЗАНИМЛИВОСТИ

Нова кампања на Гранд кафе со Анѓелка Стевиќ Жугиќ во главната улога: Ајде да имаме време и за себе!

Често слушаме дека животот станува побрз, дека поради стрес и бројни обрски доаѓа до синдром на прегореност, па затоа треба да се постават граници и да одвоиме време за себе. Но, што всушност тоа значи? Кога последен пат сте одлучиле да се задоволите себеси, но онака искрено и само – себеси? Кога сте прошетале до скриеното катче, каде можете да ги слушнете вашите желби и потреби во тишина. Кога последен пат сте ги исклучиле нотификациите на телефонот, сте си подготвиле шолја од омиленото кафе и едноставно сте се препуштиле на најдрагата книга или филм? Овие прашања ни помагаат да се преиспитаме колку навистина се слушаме себеси, а доколку немаме одговори на овие прашања, тоа може да значи дека не си посветуваме доволно време на себеси и затоа може да се случи да „преврие“.

Симболичен пример за тоа е токму подготовката на омиленото кафе, кое исто така може да преврие ако не го тргнеме навреме од ринглата. Затоа, Гранд кафе со својот препознатлив слоган „Ајде да имаме време“, веќе трета година по ред потсетува колку е важно да одвоиме време за луѓето и работите кои ги сакаме, но и за нас самите. Продолжението на оваа кампања и во 2024 година, порачува дека е неоппходно да водиме сметка најпрво за себеси, за да можеме вистински да се грижиме и за другите.

Постојат оние мали (и малку поголеми) работи кои толку пати сме сакале да ги направиме само „за своја душа“, но кога ќе се присетиме на нив, веќе во следниот момент мислиме дека немаме време. Понекогаш поминуваме премногу време превејќи го она што мораме бидејќи мислиме дека обврските не можат да чекаат, наместо она што навистина сакаме да го правиме.

Затоа, ајде да имаме време и за себе, баш сега!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close