Граѓаните на Северна Македонија јадат најмногу шеќер во регионот, покажува анализата за потрошувачката на таа храна во Европа, објавена од веб-страницата „Ланџист“ врз основа на податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Според таа анализа, Македонците јадат 36,7 килограми шеќер годишно, втори во регионот се Хрватите со 33,8, пред Грците со 31,6, Бугарите со 27,5, Србите со 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми.
Најмали љубители на слатко во регионот се Словенците со 19,4 килограми и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.
Белгијците јадат најмногу слатки во Европа – 48,3 килограми и Полјаците – 45,7, додека најмалку слатки се консумираат во Луксембург, само 10,8 килограми.
Податоците од сајтот Landgeist, кои доаѓаат од организацијата ФАО, вклучуваат не само суров шеќер, туку и шеќер во производите што го содржат.