Turlitava.com

Кои се најчестите причини за оштетување на телефонот и компјутерот?

Американската компанија Secure Data Recovery спроведе анкета меѓу 2.200 луѓе во врска со најчестите начини на кои ги оштетуваат своите телефони и лаптопи. Според овие податоци, најголеми непријатели на преносливите уреди се паѓањата. Речиси половина (46 проценти) од луѓето чии лаптопи биле оштетени и морале да ги однесат на поправка го навеле ова како главна причина за оштетувањето на нивните уреди.

Исто така, 33 отсто од анкетираните имале проблеми со уредите поради истурените пијалоци. Имајте го ова на ум секогаш кога пиете кафе, вода, чај или кој било друг пијалок и чувајте го подалеку од вашиот лаптоп. Доволно е само едно невнимателно движење, од вас или од вашиот колега, за да се истури содржината на чашата или шолјата на тастатурата или екранот.

Покрај пијалоците, проблем е и храната, па 30 отсто од нив како причина за оштетување на компјутерот ја издвоиле истурената храна врз нив. Поради големите оштетувања на лаптопите, на крајот речиси 40 отсто од испитаниците морале да го заменат компјутерот и да купат нов лаптоп.

Најчести оштетувања на паметните телефони се кршењето на екранот (што се случило дури во три четвртини од оштетувањата), потоа падови (46 проценти) и исто така истурање пијалоци на телефонот – 43 проценти.

Што се однесува до најнеобичните ситуации со оштетување на уредот, од оваа компанија велат дека на едно лице му бил уништен апаратот кога го удрил елен додека возел велосипед, на друго лице му паднал телефонот во снегот додека го чистел и го уништил со лопата, исто така сопственикот на пренослив уред убаво се забавувал, а заморчето уринирало на тастатурата и на крајот му го испржило хард дискот.

Exit mobile version