ЗАНИМЛИВОСТИ

Иновативниот бисквит „Rootles“ на Виталиа финалист за британската награда „New Bakery Product Of The Year“

Здравата храна доаѓа во многу форми, големини и вкусови. Кога имаме желба за нешто слатко, обично прво помислуваме на чоколада, сладолед, овошје… но последната иновација на Виталиа ни покажува дека не треба да го отпишуваме зеленчукот како опција за слатка, но здрава закуска. „Rootles“ е новиот бренд – иновација на македонската компанија Виталиа, кој е наменет за британскиот пазар.

viber image 2022 10 21 14 40 20 325

Последните трендови на пазарот покажуваат дека приватните марки имаат голем успех на пазарот, особено во прехранбената индустрија, каде што е забележлив нивниот брз раст. Токму затоа, Виталиа одлучи да го пласира овој производ на британскиот пазар, каде што нивото на свесноста за здравата и иновативна храна е на многу високо ниво и купувачите бараат нови начини да уживаат во храна која не им предизвикува грижа на совест.

Понекогаш, несекојдневните комбинации во исхраната се оние кои ни предизвикуваат најголемо задоволство. Оттаму почна и идејата за „Rootles“, со намера да се креира уникатен, несекојдневен производ соодветен и адаптиран на потребите на модерниот потрошувач, a тоа го препозна и стручното жири на BIA (Baking Industry Awards) и ги смести помеѓу финалистите во категоријата New Bakery Product of the Year за 2022 година.

Идејата за првиот „зеленчуков бисквит“ доаѓа од Универзитетот на Нотингем, каде што првпат беше споменат концептот за здрав бисквит направен од зеленчук, наместо од овошни вкусови. И додека идејата на почеток изгледаше чудно, сепак финалниот производ беше доусовршен, а неговата рецептура подобрена, по што наиде на силно одобрување од тестерите поради неговиот специфичен и сладок вкус. Така беа создадени „Rootles“ – неодоливо вкусни бисквит стапчиња на база на неколку комбинации зеленчук (морков, сладок компир, цвекло), прелиени со млечна, бела или темна чоколада. Секое индивидуално пакување на „Rootles“’ содржи само 120 калории и е составено од преку 30% зеленчук – што значи дека претставува совршената ужина за активните луѓе, луѓето кои се придржуваат кон здрава храна, за децата, за возрасните и за сите оние кои сакаат да го подобрат квалитетот на животот.

271913 milk2 776660

Заедно со потрошувачките навики, во последните години се промени и пристапот на производство и продажба на нови производи, а концептот на приватни марки се популаризираше и сега е општоприфатен како клучен фактор за успешен бизнис. Преку приватните марки, претпријатијата добиваат можност да пласираат сопствен производ на домашниот пазар, а да ги намалат трошоците за производство преку користење на компании лоцирани надвор од земјата. Покрај тоа, производството на сопствена марка најчесто претставува поевтина варијанта од откупувањето и пласирањето на реномирани брендови на полиците. Но, овој пристап им овозможува на претпријатијата и да пласираат сопствени, одбрани производи и на тој начин не само да ја зголемат сопствената понуда, туку и да ја зголемат потрошувачката лојалност кон нивните брендови.

Karticka univerzalna MK

Виталиа со оваа соработка ја користи можноста да понуди сопствена иновација на британскиот пазар, каде што побарувачката за овој тип на здрава храна постојано расте. Па така, „Rootles“ се истовремено македонски и британски производ, слатки и здрави, светски, а наши.

Напишете коментар

Back to top button
close