Го немало Господ цела недела во рајот. Се појавува тој конечно, па Свети Петар го прашува:
– Боже, мили, па каде беше цели седум дена?
– Ех, Свети Петре, да видиш каква креација сум направил, чисто совршенство. Направив една планета, ја наполнив со мориња, но, за рамнотежа, ставив и планини. Направив луѓе, мажи… Но, за рамнотежа, направив и жени. Ги направив да бидат добри, но, за рамнотежа направив да има и лоши. И на крајот, за мој мерак, сум направил едно мало парче земја, како рајот личи… поточиња жуборат, ливади се зеленеат, бистри езера и планински рекички, луѓе насмеани и весели, најубава храна им подарив, Македонија ја нареков… прекрасно, прекрасно…
– Па, добро, ама каде ти е тука рамнотежата?
– Какви соседи сум им наместил, да знаеш само…
37