Прескокни до содржината

Четврток, 12 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Вистинско чоколадно чудо: Лава колач каков што никогаш не сте пробале!

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Суфле или лава колач е совршено задоволство на кое никој не може да одолее и обично се прави во мали калапи за мафини. Но, да бидеме искрени, кому му е доста од една или две колачи? Затоа ви подготвивме рецепт за лава колач кој се истура во голем калап, а исто толку лесно се подготвува.

лава колач

Потребни состојки:

  • темно чоколадо 150 гр
  • млечно чоколадо 100 гр
  • путер 150 гр
  • кафеав шеќер 130 гр
  • брашно 70 гр
  • 4 јајца

Начин на подготовка:

Истурете го шеќерот во садот, а потоа додадете ги јајцата и сè добро измешајте. На пареа растопете ги путерот и темното чоколадото, па полека сипете ги јајцата и шеќерот со постојано мешање. На крајот додадете го брашното и сè убаво измешајте. Калапот за торта обложете го со хартија за печење, па истурете ја смесата, но оставете малку (половина) и за подоцна. Ставете сè во замрзнувач 20 минути, а потоа на средина од смесата ставете ги млечните чоколадни коцки, па покријте ја со смесата што ја оставивте на страна. Се пече во загреана рерна 35 минути на 160 степени.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566