Site icon Turlitava.com

Твитер од утре ќе почне да ја наплаќа услугата „Twitter Blue“

Твитер утре повторно ќе ја пушти во употреба обновената верзија на својот претплатен сервис „Twitter Blue“, а цената ќе биде малку повисока за корисниците на Apple, соопшти американската компанија.

Новата верзија ќе им овозможи на корисниците да уредуваат твитови, да поставуваат видео клипови од 1080p (full HD) и да добијат сина ознака дека сметката е потврдена, објави Ројтерс.

Твитер не објасни зошто на корисниците на Apple им се наплаќа повисока цена од другите, но имаше некои извештаи во медиумите дека американската компанија барала начини да ги компензира надоместоците што се наплаќаат во продавницата на Apple.

Exit mobile version