СВЕТ

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Робуста пораснала за неверојатни 227 отсто, а Арабика за 72 отсто. Ќе треба да платиме повеќе за нашиот омилен пијалок, но тешко дека тоа ќе ја намали љубовта и пиењето кафе кај нас.

Милиони луѓе ширум светот со кафе го започнуваат утрото. Тие се будат со кафе, и уживаат во малите моменти  заедно со семејството и пријателите. Сепак, кафето поскапува а потрошувачите гледаат значителна разлика во цената во маркетите и кафулињата.

Дали знаете која е причината?

Имено, откупната цена на сировото кафе за само една година поскапе значајно на глобално ниво, што беше неизбежно да се одрази и на регионот. Податоците покажуваат дека цената на робуста пораснала за неверојатни 227 отсто, а дека цената на арабика пораснала за 72 отсто, со што е достигнат максималниот процент на раст од 1977 година, кој подеднакво ги фати сите производители во регионот. Соочени со тој голем притисок, тие беа принудени да прават корекции на цените за да го задржат квалитетот но и континуитетот на производството, односно непречено снабдување на пазарот со кафе.

kafe foto 2

Што се крие зад глобалното поскапување на кафето?

Пред се, главен „виновник“ е глобалното затоплување, односно климатските катастрофи кои ги погодија земјите како Колумбија, Бразил и Виетнам, најголемите производители на кафе во светот. Сушите, поплавите и тајфуните имаа негативно влијание врз количината на приносот и квалитетот на културата, што придонесе поради недостигот на плантажите да се случуваат дури и кражби на кафе.

Друг фактор кој влијаеше на поскапувањето е промената на навиките на потрошувачите, пред се на азискиот континент, кои го пијат во се поголеми количини. На енормното поскапување влијае и транспортот, кој е отежнат од геополитичките конфликти кои се случуваат на патот за транспорт на кафето од плантажите до земјите производители.

Дополнително, во сето ова своја шанса видоа и шпекулативните фондови на светските берзи, кои веќе нарушените цени предизвикани од наведените фактори ги доведоа до историски максимум.

STW3093

Прелевање на регионот и македонскиот пазар

Неизбежно е сите овие аномалии да се прелеат на македонскиот пазар. Така, глобалното поскапување ги погоди и нашите потрошувачи, кои во кафулињата и супермаркетите плаќаат повеќе за филџан од својот омилен пијалок. Она што треба да сме информирани е дека поскапувањето не е минлива појава бидејќи се работи за глобални фактори врз кои производителите немаат влијание. Не може со сигурност да се каже дали во некој иден временски период ќе дојде до стабилизација, но она што е сигурно е очекување за нов бран на корекции на цените.

Глобалното зголемување на цената на кафето сега е многу повеќе од обичен пазарен феномен, бидејќи кафето е толку сакано во целиот свет што е неизбежно неговото поскапување да влијае на нашиот секојдневен живот. Факт е дека ќе треба да платиме повеќе за нашиот омилен пијалок за да уживаме во него, но тешко е да се поверува дека тоа ќе ја намали љубовта и пиењето кафе кај нас.

Напишете коментар

Back to top button
close