Принцот и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и Хари, ја остварија својата прва официјална посета на Велс по смртта на кралицата Елизабета на 8 септември.
Кејт е видена само во црно од смртта на кралицата, како што налага протоколот, а сега принцезата е видена во различна комбинација на бои. Таа и понатаму останува во сериозен тон, но над црната облека облече светло-црвен долг капут.
Црни панталони со права нога и црн џемпер, а темните бои ги „растури“ со црвената. Во рацете мала чанта – модел без кој во последно време не ја гледаме, а овој тип на чанта ги освои жените ширум светот.
View this post on Instagram
Парот живеел во Велс три години, помеѓу 2010 и 2013 година, кога принцот Вилијам работел како пилот. Тоа е, исто така, местото каде што го одгледаа своето најстаро дете, принцот Џорџ, во првите неколку месеци по неговото раѓање.