Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерсот во Париз, откако денеска во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров со резултат 6:4, 6:3.
Ѓоковиќ со триумфот во Париз стигна до 40. Мастерс во кариерата. Тој по седми пат во историјата го освои Мастерсот во Париз. Најдобриот светски тенисер стигна до шестиот трофеј сезонава со освојувањето на Мастерсот во главниот град на Франција.
Еден час и 39 минути траеше натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Димитров. Ова беше 13-ти меѓусебен триумф на српските и бугарските тенисери, а 12-ти триумф на Ѓоковиќ.
Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од 5.779.335 евра.