СВЕТ

Дали Турција ќе ја укине забраната за руските авиони да летаат над Сирија?

Турција наскоро може да ги укине ограничувањата за прелети на руски авиони во Сирија, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.

Анкара нема да поставува услови за Москва, посочи тој и додаде дека турското раководство било принудено под притисок на Западот да донесе такви одлуки поради политизирањето на сириското прашање.

Ruski voen avion

Да потсетиме дека Турција претходно го затвори небото за руските цивилни и воени летови кон Сирија.

– Верувам дека прашањето е решливо, тоа е прашање на време. Односите меѓу нашите земји се на многу високо ниво. Од Турција нема услови. Веруваме дека оваа бариера е привремена и вештачка и дека наскоро ќе биде надмината – додаде Лавренјев, пренесува Спутник.

Рускиот функционер исто така рече дека нема потреба од префрлање на руските сили од Сирија во зоната за специјални операции во Украина по анексијата на нови територии.

– Во Сирија имаме ограничен воен контингент кој не е толку голем по број и не учествува директно во борбени операции – изјави Лавренјев.

Тој рече и дека Москва е подготвена да обезбеди платформа за преговори меѓу претседателите на Турција и Сирија, доколку за тоа постои заедничка желба.

Според него, Русија се надева дека Турција ќе ги усвои сугестиите на Москва за залудноста на операцијата во Сирија.

– Се надеваме дека ќе ги слушнат нашите ставови бидејќи никој не сака да предизвика ескалација на тензиите не само во областа на северот и североисточниот дел на земјата, туку и на целата територија на Сирија – рече тој.

Има и надеж, додаде тој, дека Турција ќе се воздржи од копнена операција во Сирија.

Има надеж за тоа, но неопходно е да нема провокации од групи од северот на Сирија.

На 21 ноември, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар објави дека вооружените сили на Републиката убиле 184 терористи за два дена од операцијата „Меч и канџа“ во Сирија и Ирак. Во акцијата учествуваа повеќе од 50 авиони и 20 дронови. Артилеријата обезбеди авијациска поддршка.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата била успешно спроведена на северот на Ирак во областите Кандил, Асос, Хакурк, како и во областите Арап-Пинара, Тел-Рифат, Џизра и Дерик на северот од Сирија.

Напишете коментар

Back to top button
close