Екипите на ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија”.
Оттаму реагираат дека за жал, вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот.
– Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, наведуваат од претпријатието.