Утрово во земјава почувствуван е земјотрес со слаб интензитет. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, потресот се случил во 9 часот и 54 минути според локално време со јачина од 2,2 степени според Рихтер и длабочина од 4km.
Епицентарот е на тромеѓето меѓу Македонија, Косово и Србија. Земјотресот најмногу бил почувствуван во главниот град и неговата околина.